Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Новак: Приказната завршува, но јас ќе останам број еден навивач на Вардар
Новак: Приказната завршува, но јас ќе останам број еден навивач на Вардар

Новак: Приказната завршува, но јас ќе останам број еден навивач на Вардар

Дефинитивно, Евгениј Новак, во новата сезона нема да биде дел од тимот на Вардар и својата кариера ќе ја продолжи во родната Украина.

После пет години поминати во црвено-црниот дрес, Новак се реши за промена на средината, откако клубот западна во тешка финансиска ситуација. На својот ФБ профил, Новак упати последен поздрав до Вардар и навивачката група Комити, истакнувајќи дека ќе остане број еден фан на Вардар.

Драги фанови, соиграчи и сите членови на вардаровото семејство, мојата прекрасна приказна со Вардар завршува. Освоивме три домашни титули, постигнавме историски успех со пласманот во групите во Лига Европа и многу други успеси. Тука запознав луѓе со кои и натаму ќе контактирам, а Вардар засекогаш ќе го носам во срцето. Сакам да им се заблагодарам на сите фанови и Комити, тренери и оние кои ме поддружуваа во овие пет години. Му посакувам многу успех на клубот и ќе останам број еден фан на Вардар.

1173038623421040201366254307031265459979144n