Tuesday ,08 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Цветковска: Преминав во Вардар бидејќи е ракометен спортски бренд, очекувам успех со тимот
Цветковска: Преминав во Вардар бидејќи е ракометен спортски бренд, очекувам успех со тимот

Цветковска: Преминав во Вардар бидејќи е ракометен спортски бренд, очекувам успех со тимот

Вчера, вторник 4.август, ЖРК Вардар официјално ги „запали моторите“ и ги започна летните подготовки за сезоната 2020/2021 година. Првиот тренинг се одвиваше на фудбалскиот терен крај Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. На првиот тренинг се појави ново име, станува збор за третото засилување на тимот, бекот од Металург, Сања Цветковска е нов вардаров играч. Таа е родена 2003 година и ќе ја засили конкуренцијата во тимот на Ристова кај надворешната, бековска линија. Вардар фанс ви ги носи нејзините први впечатоци.

Ракометнот пат на новиот лев бек на ЖРК Вардар е интересен, ова е четврти тим во кариерата, таа ги минала речиси сите позначајни ракометни колективи во нашата метропола. 

Со ракомет започнав да се занимавам на свои 10 години, по предлог на другарка која веќе се занимаваше со овој спорт. Моите почетоци беа врзани за тимот на РК Ѓорче Петров, таму ги минав првите три години во ракометот. Минав во тимот на РК ЦЕМС, каде настапував една година за првиот тим, потоа  ме повикаа и година и половина бев дел од екипата од Автокомада. Како следна етапа во мојата кариера дојде Вардар, тим на кој од вчера официјално му се придружив, факт кој ме прави посебно среќна. 

sasa

Како мина во црвено-црниот тим, што ја мотивираше на тој чекор.  Како дојде до одлука да мине   во нашите редови и да започне нова етапа во нејзината кариера со тимот на Вардар

Вардар од секогаш имал репутација како најдобар тим во Македонија,  јас како и секој играч на ракометот еден ден посакував да бидам дел од црвено црниот тим и по пружањето на таа прилика јас ја сменив средината.  Преминав во тимот на Вардар во кој сум убедена дека ќе ги постигнам моите цели, на индивидуален и на колективен план како млад ракометар. Мислам дека новата средина нема да ми претставува проблем поради тоа што играчите ми се познати и мислам дека добро ќе се прилагодам на новиот тим.

Нејзините очекувања за оваа сезона се постигнување на висок пласман во женската Скопско сениорска лига. Очекува за разлика од минатата сезона оваа да се одигра цела како би можела да ги покаже своите квалитети.

sara

Не знам како ќе се одвива оваа сезона поради сегашната состојбата со корона вирусот но се надевам дека ќе се среди, повторно ќе се вратиме на терените и се ќе се одвива како што треба. Очекувам во лигата да бидеме добро пласирани и да продолжиме да редиме големи успеси како и до сега, да се воиграме и да бидеме тим кој ќе атакува на успех на секој дуел-завршува Цветковска Сања.

Михајло Тушевски