ЖКК Вардар е одличен во оваа сезона има 11 победи од исто толку мечеви, но и покрај тоа додатно се засилува за да ја одбрани двојната круна во домашната кошарка. По паузата помеѓу двете полусезони во строј е легендарната Славица Наков, а сега тимот се засили и со една кошаркарка од странство.
Нов член на составот предводен од Жаклина Стојановска е и канадската интернационалка со италијански пасош Мелиса Рондинели. Новата црвено-црна аквизиција висока е 184 сантиметри, има 29 години. Таа настапува на позициите 4 и 5, а во Скопје доаѓа од грчкиот прволигаш Кронос каде го одигра есенскиот дел од оваа сезона, 2019/2020. Во кариерата има настапувано и во Германија и Белгија.