Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Продолжуваат возбудувањата во ЛШ, Вардар гостува кај Кил
Продолжуваат возбудувањата во ЛШ, Вардар гостува кај Кил

Продолжуваат возбудувањата во ЛШ, Вардар гостува кај Кил

Вечерва продолжуваат возбудувањата во ракометната Лига на Шампиони. Актуелниот Шампион на Европа гостува во Германија, кај екипата на Кил.

Ова ќе биде осми меѓусебен дуел на Кил и Вардар во најголемото натпреварување, а противникот има позитивен скор од пет победи и два порази на натпреварите со црвено-црните. Последната победа на Вардар е токму во арената каде вечерва ќе се одигра натпреварот и тоа во 1/4 финалниот меч во сезоната 2017/18 кога, Вардар успеа да победи со еден гол разлика на првиот дуел во оваа елиминациска рунда. На реваншот екипата на Кил го врати ударот, победи исто така со еден погодок, но поради поголемиот број на постигнати голови на гостински терен, Вардар беше екипата која успеа по втор пат да се пласира на завршниот турнир во Келн.

Вардар може да се пофали дека има позитивна традиција со германските екипи, едноставно ни „лежат“ екипите од бундеслигата, па се надеваме дека тоа ќе го повториме и на вечерашниот дуел. Вардар во ЛШ играл со пет германски клуба и тоа со Кил (две победи, ниту едно реми и пет порази), Рајн-Некар (7-2-1), Фленсбург (3-0-1), Хамбург (1-0-1) и со Магдебург (0-1-3).

Кил игра одлично оваа сезона под водство на Филип Јиха, каде моментално се лидери во најсилната бундес лига, како и во најсилната група А после десет одиграни кола. На голот го имаат одличниот Никлас Ландин кој брани стандардно добро секоја сезона, додека опасност доаѓа и од бековската линија на „зебрите“. Тука е најдобриот стрелец и норвешни репрезентативец Харалд Реинкинд кој има 47 голови, како и австриецот Никола Билик, додека трет најефикасен играч е пикерот Пекелер.

Вардар ќе се обиде да го врати ударот за високиот пораз од Јане Сандански, кога бевме убедливо поразени со резултат 20:31, по тој меч дојде и отказот за Давид Писонеро, како шеф на стручниот штаб. Денешниот дуел е деби за новиот предводник, Стевче Алушовски кој истакна дека ќе го гледаме „стариот“ Вардар со мали измени во играта. Повторно ќе имаме проблеми околу составот, знаеме дека ќе го нема Дисингер, но и Шишкарев, а неизвесно е дали на теренот ќе го видиме и Толедо, иако е најавен во составот на Вардар.

Мечот кој стартува од 19:00 часот можете да го погледнете преку директен пренос на Арена Спорт 3.