Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со Толедо за дуелот со Кил, познат составот на црвено-црните
Вардар со Толедо за дуелот со Кил, познат составот на црвено-црните

Вардар со Толедо за дуелот со Кил, познат составот на црвено-црните

Вечерва со почеток од 19:00 часот, Вардар ги продолжува натпреварите во Лигата на Шампионите. Во рамките на 11.коло од најсилната група Б, црвено-црните гостуваат кај екипата на Кил. Ова ќе биде и деби на клупата на Вардар за Алушовски, кој веќе одлучи со кои играчи ќе се спротивстави на Кил. За прв пат сезонава во составот се најде Толедо, додека ги нема Дисингер, Кугис и Шишкарев. На голот ќе бидат Гедбан и младиот Гогов.

Вардар: Атман, Чупиќ, Толедо, Дибиров, Димитриоски, Гедбан, Гогов, Горбок, Горпишин, Калараш, Карапалевски, Кристопанс, Кукуловски, Пелко, Скубе и Стоилов. 

Натпреварот ќе го емитува Арена Спорт 3.