Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Димитар Димитровски одржа “кугларски час“ на дербито со Макпетрол и се вивна на лидерското место во топ-6 на 6.коло

КУГЛАЊЕ! Димитар Димитровски одржа “кугларски час“ на дербито со Макпетрол и се вивна на лидерското место во топ-6 на 6.коло

Зад нас е првото “пролетно“ коло во македонската кугларска лига во кое Вардар го одигра првиот меч во оваа 2017 година, односно 6-то коло во МКЛ за сезоната 2016/2017 година. Ние гостувавме во кугларницата при Спорскиот центар “Борис Трајковски“ кај шампионот на земјава, КК Макпетрол. Домаќините очекувано дојдоа до победа, тие триумфираа со 7-1 на овој меч. По крајот на ова коло повторно на врвот од топ-6 листата во МКЛ имаме играч на Вардар како по навика.

dime1-660x330

Димитар Димитровски имаше скор од неверојатни 644 “соборени дрва“ со што беше поединец број еден на колото. Тој овој натпревар како што ве известивме го  одигра “професорски“ подели повторно кугларски час на сите 12 учесници во овој меч. Тој со скорот  644 соборени “дрва“ го освои го најубедливо својот поен, кој се покажа како единствен за црвено-црните. На топ-6 листата тој е првопласиран со голема преднос пред остантатите играчи на Макпетрол, кои “му го гледаат грбот“. Пред второпласираниот Трпкосвски од Макпетрол води 38, пред третиот на листата од истиот тим, Соколовски 49, а прет четвртиот Јакимовски  57 “дрво“. На листата 5.место е Николовски од Макпетрол со минус 67 “дрва“ од Димитровски, а последен е играч на ГТЦ. Ова воопшто не, не изненадува бидејќи Димитар познат е како број еден играч во лигата. Фактите се на негова страна, по крајот на првиот дел од сезоната беше ЛИДЕР на табелата на поединечни просеци со просек 612 “соборени дрва“ по меч.  Единствено он и Влаќевски, кој беше втор имаа просек над 600 во цела лига во есенски дел.  Трети беше Виктор Николовски од Макпетрол на таа листа со 19 помалку од нашето момче односно 593, четврти беше Лазо Анастасов со -24 “дрва“ односно 588. Четвратата позиција беше резервирана за Ибрахим Мемеди од “пумпашите“,  играчот кој беше поразен со 3-1 од Димитровски во 1/2-финалето во Државното поединечно првенство, кај просеците во МКЛ тој “доцни“ 28 чуна по меч односно имаше 584 просек. Димитровски и во поеднинечното првенство беше лидер по просек, заедно со Влаќевски од Вардар. Двајцата имаа феноменални лични просеци на Поединечно во пресрет на 1/2-фин. мечеви, Димитровски имаше 638, Влаќевски 628 “соборени дрва“ . Во полуфиналето со  Димитар повторно ја проби границата 600, тој имаше 631 “дрво“. Му честитаме за уште едното прво место на листата топ-6 на црвено-црниот лидер.