Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Генерален пласман на сите 28 екипи кај генер.2004/05 во машка и женска категорија по завршување на зимскиот турнир

Генерален пласман на сите 28 екипи кај генер.2004/05 во машка и женска категорија по завршување на зимскиот турнир

Викендов со неговиот четврти натпреварувачки ден, заврши и третиот зимски ракометен турнир „Вардар-Еден живот – една љубов“. Во последниот ден се играаше 3.коло и полуфиналните и финалните мечеви кај генерацијата 2004/2005 во двете конкуренции, машка и женска. Вечерта ги добивме шампионите и во оваа последна категорија која беше на програмата. Вкупно 28 екипи во двете конкуренции земаа учество во овој натпреварувачки викед во оваа генерација.

Кај дамите “златото“ замина за Кичево, нашата регионална школа од тој град РК Кале Вардар стана шампион.  Во оваа категорија се натпреваруваа 12 екипи, по крајот беа прогласени и најдобрите поединци: Најдобар стрелец -Бојана Коцева од Ново Лисиче, најдобар играч е Сара Стефановска од РК Кале и најдобар голман е Леа Христовска од Кастратовиќ  1. На 12-те женски екипи кои се појавија на турнирот  нивниот пласман изгледаше вака:

 РК Кале Вардар

РК Кале Вардар

1. Кале Вардар
2. Кастратовиќ Вардар 1
3. Ново Лисиче Вардар
4. Кастратовиќ Вардар 2
5. Војнисон Вардар
6. Ангели Вардар
7. Асови Вардар
8. Вардар Виница
9. Будимир Вардар
10. Општина Кисела Вода Вардар
11. Вардар ДБ
12. Филип Вардар

Кај момците конкуренцијата беше пеколна, играа 16 екипи во 4 групи по 4 тима  и само првите одеа во борбата за медали. Кај оваа категорија златото го освои Бисинов Вардар од Велес, овој тим во  финалето го победи ГРК Гостивар Вардар со 21:12. На третото место се пласираше Илинден Вардар, а четвти беше Карпош Вардар.  Прогласен за  најдобар стрелец беше  Иле Табаков, за најдобар играч е Давид Славевски, двајцата од Бисинов Вардар. Најдобриот голман беше  Мартин Димитриевски од Гостивар. Пласманот на 16-те учесници  изгледаше вака:

РК Бисинов Вардар

РК Бисинов Вардар

1. Бисинов Вардар
2. Гостивар Вардар
3. Илинден Вардар
4. Карпош Вардар
5. Ангели Вардар
6. Шампион Вардар
7. Филип Вардар
8. Виница Вардар
9. Урдаревски Вардар
10. Бутел Вардар
11. Вардар ДБ
12. Балтепе Вардар
13. Будимир Вардар
14. Драчево Вардар
15. Општина Кисела Вода Вардар
16. Асови Вардар