Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кети Ангеловска: За наградата “најдобар стрелец“ благодарна сум на мојата екипа и тренерот Велков кои ми помогнаа по втор пат да го добијам ова признание

Кети Ангеловска: За наградата “најдобар стрелец“ благодарна сум на мојата екипа и тренерот Велков кои ми помогнаа по втор пат да го добијам ова признание

Женската екипа на РК Делчево генер. 2000/01 го освои првото место на турнирот Вардар, еден живот, една љубов’ кој по трет пат се организираше од страна на ракометниот клуб Вардар. Избраничките на Горан Велков во големото финале ја победија екипата на РК Филип-Вардар од Прилеп. Заслужена победа ако се зема во предвид водството кое го имаа во текот на целиот меч, за на крај да слават убедливо со резултат 10:21. На тој начин Делчево го повтори успехот од првата сезона на овој турнир кога исто така се искачија на врвот. Како помина третото издание на турнирот за РК Делчево можете да прочитате од изјавата на најдобриот играч, Кети Ангеловска која е една од најзаслужните за добрите резултати на екипата.

-Ова не ни е првпат да учествуваме на зимскиот турнир, еден живот една љубов, учествуваме по трет пат. Првата година го освоивме првото место, тогаш исто така бев избрана за најдобро крило ,потоа во 2016 во полуфиналниот меч изгубивме со минимална разлика од Вардар и еве оваа година очекувано го освоивме првото место. Овогодинешниот турнир ми остави големи впечатоци, турнирот траеше два дена каде одигравме пет утакмици. Беше напорно, но ова е потребно за нашиот напредок, организацијата беше на високо ниво, имавме многу дружби со други екипи кои се знаеме од претходно се беше супер. Јас со мојата екипа уште кога тргнавме знаевме зошто одиме на турнирот секако да се пласираме во финале и во финалето да се покажеме во најдобро светло. Очекувавме Филип Вардар да ни бидат ривали во финалето бидејки во јуниор лигата го имаат првото место на табелата, а и со нив имаме искуство на минатогодишното учество на Вардар јуниор лигата каде исто така се сретнавме во финалето. Во финалето уште на почетокот заигравме цврсто и решително и во текот на целиот меч го одржувавме водството.

vardarfans-naslovna13-660x330

Кети Ангеловска успеа да ја одбрани наградата за најдобар стрелец, откако истово признание го доби и на завршниот турнир од минатата сезона на “Јуниор“ лигата.

-На завршната церемонија ги доделуваа пехарите и поединечните награди каде се најдов и јас. Искреено очекував да добијам поединечна награда бидејки се трудев и давав се од себе, но секако за оваа награда сум благодарна на мојата екипа и тренерот Горан Велков, кои по втор пат ми помогнаа да го освојам признанието за најдобар стрелец на минатогодишното издание на “Вардар јуниор лига“, а и на овој зимски турнир.

Поради настап во кадетската и младинската лига, оваа генерација на РК Делчево не се натпреварува во “Јуниор лигата, но помладите родени 2002/03 се на првото место во својата категорија.

-Оваа година нашата генерација не учествува во “Јуниор лигата, но затоа се тука нашите екипи со генерација 2002/2003 кои се убедливи на врвот на табелата и се надевам ќе го повторат нашиот успех од лани. Исто така и момчињата во истата генерација остваруваат добри резултати како и нашите најмали кои редат победи.

Звонко Ивановски