Во Анталија целиот тим на ФК Вардар тренира со 100% со исклучок на двајца фудбалери. Хуан Фелипе и Дарко Велковски поради повреди ги пропуштија првите тренинзи на екипата во Анталија. Како што информираат од ФК Вардар, Фелипе имал повреда на прстот на ногата, но со него се е во ред и се очекува веќе денеска да се приклучи на целиот тим. Велковски пак, чувствувал болки во коленото, но и со него не е ништо сериозно и ќе се врати во нормален тренажен процес.
Овие двајца играчи поладнево по се изгледа нема да можат да му помогнат на својот тим на првиот пријателски натпревар против тимот на Стеауа.