Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар започнаа со подготовки за пролетниот дел од сезоната

Младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар започнаа со подготовки за пролетниот дел од сезоната

Младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар во текот на вчерашниот ден ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезона. Први кои стартуваа беа младинците предводени од Љупчо Марковски, додека од вчера својот прв тренинг го имаа пионерските екипи, како и кадетите на Влатко Колев. Првиот ден се работеше на физичка подготовка со трчање на Кеј, додека од денес се очекува да се тренира комбинирано, покрај трчање ќе се тренира и на академијата која е оспособена за работа после снежните врнежи.

Помладите пионери и пионерите на 31-ви јануари ќе заминат на подготовки во Дојран, додека кадетите на 17-ти феверуари на истото место. Дополнително ќе се одредува местото на локација за подготвки на младинскиот состав. Тие подготовките ќе ги одбработ без Виктор Димков, Филип Стојчески и Есмин Личина, кои заминаа со првиот тим на подготовки во Анталија. Пионерската екипа која ја предводи Сашо Тодоровски во пролетниот дел од сезоната ќе влезе засилена за Јоцо Радевски и Христијан Димов кои дојдоа од екипата на Работнички. Тие се веќе регистрирани и имаат право на настап во црвено-црниот дрес. Подолго на проба е играч од Милано, Фитор Реџепи за кој дополнително ќе се одлучува дали ќе останува во Вардар, како и еден играч од екипата на Металург. Играчи на проба на стартот од подготовките има и кај помладите пионери предводени од Сашо Јанев. Кај кадетите нема никаква промена во однос на нови играчи, што значи тренерот Колев верува на составот кој е вицешампион во есенскиот дел од оваа натпреварувачка сезона.

-Можам да ветам напорна работа на подготовките и максимална ангажираност на моите играчи. Се надевам дека повредите ќе не заобиколат и дека подготвени ќе влеземе во пролетниот дел. Секако и среќата да биде на наша страна на натпреварите кои можат да го решат новиот шампион во кадетската лига, истакна тренерот на кадетите, Влатко Колев.

Во есенскиот дел од сезоната, младинците се први на табелата, пионерите и кадетите се второпласирани, додека помладите пионери се на седмото место со шанси дека можат да се замешаат во борбата за титулата.