Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Тројца вардарци дел од подготовките на Македонската репрезентација за СП
Тројца вардарци дел од подготовките на  Македонската репрезентација за СП

Тројца вардарци дел од подготовките на Македонската репрезентација за СП

Македонската кугларската репрезентација по пауза од над  шест години повторно ќе биде дел од еден голем планетарен собир. Пред се благодарение на големите напори кои ги вложија новите раководни луѓе во федерацијата, Македонија успеа да пријави своја екипа на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во Чешка. Селекторот  на црвено-жолтите, хрватот Дамир Фучкар веќе ги објави повиканите. По тој повод од црвено-црниот клуб  во моментите на доспевање на информацијата до нив рекоа:

КК Вардар 2014 со гордост објавува дека 3 негови членови се повикани од селекторот Дамир Фучкар и ќе бидат дел од припремите на македонската репрезентација за СП во Рокичани во мај 2019. Тоа се претседателот на КК Вардар 2014, Димитар Димитровски кој моментално е играч на КК Мертојак од Сплит, како и вардаровите куглари Дарко Димитровски и Коста Ристевски.