Вардарци по кој знае кој пат оваа сезона ги демантираат стручните лица задолжени за анализа во ЕХФ, дека немаат тим кој оваа сезона може повторно да се искачи на врвот на Европа. Пред одигрување на 1/4 финалните дуели, од ЕХФ излегоа со ранкинг, според кој Вардар немаше шанси да се најде на завршниот турнир во Келн, односно на таа 4.позиција беше токму нашиот противник, екипата на Пик Сегед.
После убедливата победа во Скопје, драстично се промени мислењето кај ЕХФ, кое во нивното ново соопштение се вели дека на Пик Сегед ќе му биде потребна магија ако сака да се најде во Келн.
-Пред одигрување на четврт-финалните мечеви, Вардар беше сместен во групата кои имаа помали шанси да ја поминат оваа елиминациска рунда, но играчите покажаа дека не се губитиници. Историјата беше на страната на Вардар, бидејќи на претходните осум меѓусебни дуели, загубија само еднаш. Откако на полувреме беше само 14:12, во второто полувреме тие го покажаа сиот свој квалитет и сила. Унгарскиот шампион ќе треба да направи магија, ако сака да се пласира на завршниот турнир, се вели во анализата на ЕХФ.