Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ! Вардарецот Гаџиханов ќе настапи на С.П за кадети, повторно Вардарци со самофинансирање, ФБСМ индиферентна

БОРЕЊЕ! Вардарецот Гаџиханов ќе настапи на С.П за кадети, повторно Вардарци со самофинансирање, ФБСМ индиферентна

Во моментов во тек е Светското првенство во борење за кадети во Тибилиси-Грузија. Интересен факт е дека ФБСМ воопшто не обрнува внимание и интерес кон официјалните светски збиднувања, па репрезентативците се препуштени само на себе со својот ентузиазам и можности да партиципираа и да ја преставуваат државата. Никој од ФБСМ до толку ги игнорира интересите на клубовите и репрезенацијата, што не се удостојуваат ниту да одговарат на е-меил, апак први се до “касата“ кога стигаат бенефиции од Агенцијата за млади и спорт или МОК. Повеќе од јасно е зашто немаме олимписки норми, во продолжение фотографии од е-меилот упатен БК Вардар до ФБСМ кој воопшто не е ни одговорен.

y

Како што велат од нашиот црвено-црн боречки колектив во продолжение : Иако воопшто не поткрепени и без никаква поддршка од институциите, локалната самоупраа, без спонзорство и никава финансиска или било каква помош од ФБСМ, БК Вардар ќе му овозможи на најдобриот Македонски кадет да учествува во Грузија на С.П. Исто како и на вардаровите репрезентативци кои беа во склоп на репрезентацијата за освојување на Олимписка норма. Дури постои и информација дека ФБСМ и воопшто македонското борење ќе биде дисквалификувано со понатамошна забрана заради наталожените и неплатени обврски кон UWW (Обединето светско борење).

ФОТО-Вардаровиот кадет Рамазан и тренерот Проф.Пешко на пат за Грузија.

ФОТО-Вардаровиот кадет Рамазан и тренерот Проф.Пешко на пат за Грузија.

Во категоријата до 58 килограми во слободен стил  каде ќе се натпреварува најдобриот македонски кадет Рамазан Гаџиханов член на Вардар, мерењето е закажано за на 16 септември, а ден подоцна се борбите и финалето. Тренерот на црвено-црните професорот Љубиша Пешко за нашиот сајт вели:

Пред Е.П во Шведска бев голем оптимист, но со резерва со оглед дека Рамазан е помлад од својте соперници и дека тоа беше најсилни и најмасовно Е.П некогаш одржано во историјата на модерното борење, испадна дека бев во право. Со правилото да учестуваат со по двајца борачи во тежинска категорија, велесилите максимално ја искористија бенефицијата и издвојуваа победи над преставнциите од средниот ранг и малите земји. Додатен проблем беа малверзациите со возраста на натпреварувачите , каде преправки имаа водечките: Русија, Азербеџан, Турција и Грузија, а имаше таква појава и кај некој преставник на: Полска, Бугарија и Романија. Според мене ова прекршување е подрастично во одност дури и на допингот. Овој пристап со по двајца борачи од големите сили не доведе до популаризација на првенството и борењето воопшто, туку до деградација на малите земји учесници. Небарам оправдување за поразот на Рамазан, но повеќе од очигледна беше разликата во возраст на страна на рускиот преставник кој беше три години постар што е крајно некоректен факт во кадетско натпреварување. Факт е дека Светското првенство во Грузија ќе биде далеку послабо од Европското, но јас секогаш барам мојте момци да одат на победа. Би бил многу задоволен ако Рамазан заврши во топ-5 на ова натпреварување. Одличен факт е дека и следната година он ќе може да настапува на кадетски манифестации, ние ова година ќе го тестираме неговиот ранг и способност во категоријата до 58 килограми, за да ги надградиме психофизички способности за следната година. Во која се надеваме дека ќе не израдува со медал од Европско или Светско првенство во категоријата до 63 килограми (под надзор на Гајдар Гајдаров и братучет му Заур Ефендиев)- вели проф. Пешко за Вардар фанс.