Кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар утре ќе ги играат натпреварите од 1/16 финалето од купот на Македонија. Противник за двете наши екипи ќе бидат врсниците од Шкендија. Мечевите ќе се одиграат со почеток од 11 и 13 часот на теренот во населбата Јане Сандански. Се игра само еден натпревар, кој ќе победи ќе се пласира во следната рунда од ова натпреварување.
Први на теренот ќе излезат кадетските екипи на Вардар и Шкендија. Избраниците на Влатко Колев се наоѓаат во одлична форма на стартот на новата сезона. Тие имаат максимален број на освоени бодови, или 12 од четири одиграни мечеви. Три од нив ги добија со резултатски пресврт откако имаа почетна негатива. Во меѓусебниот дуел минатата сезона во првенството, по една победа им припадна на двете екипи. На гостувањето во Тетово бевме минимално поразени (2:1), додека во Скопје на теренот во Марино го победивме противникот со резултат 2:0. Стрелци на головите беа Трајчевски и Менкиновски, кои ќе бидат стартери и на утрешниот натпревар. Не очекува интересен натпревар, поради домашниот терен Вардар е фаворит, но сепак влогот е голем бидејќи се игра само еден одлучувачки меч.
Веднаш после нив на теренот ќе излезат младинските екипи на Вардар и Шкендија. Исто како кадетите и младинците имаат максимален број на освоени бодови во првите четири мечеви. Последната беше убедлива на гостувањето во Прилеп, против екипата на Победа. Се памети триумфот од минатата сезона кога на домашен терен убедливо ја поразивме Шкендија со резултат 5:2. Тогаш свое гол-шоу имаше Кристијан Апостоловски кој постигна четири гола, додека еден беше дело на Виктор Димков. Апостоловски веќе не е дел од младинците поради годината на раѓање немаше веќе право за настап и премина во екипата на Тетекс. Во Тетово доживеавме минимален пораз од 1:0. Се наоѓаме во добар натпреварувачки ритам и добрата форма треба да ја потврдиме и на овој натпревар.
Свој натпревар во националниот куп ќе одигра и Вардаровата генерација “2002“ и тоа повторно против екипата на Башкими, која високо ја совладавме во неделата во рамките на меѓурегионалната лига. Овој натпревар ќе се одигра утре на академија од 11 часот. Слободни во првата рунда на купот ќе биде генерацијата родени “2003“ година.