Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Загреб Прес! Вујо: Вардар ме импресионира со Веспрем. Вујиќ: Тие се тежок и непредвидлив противник
Загреб Прес! Вујо: Вардар  ме импресионира со Веспрем. Вујиќ: Тие се тежок и непредвидлив противник

Загреб Прес! Вујо: Вардар ме импресионира со Веспрем. Вујиќ: Тие се тежок и непредвидлив противник

Веселин Вујовиќ има голем број дуели помеѓу Вардар и ППД Загреб во својата историја, дел од нив на клупата на црвено-црните дел од нив на клупата на загребчани. Тој секогаш во овој дуел влегува со посебна емоција и претпазливост. Вујо смета дека вардарци се фаворити на дуелот кој денес попладне ќе се одигра во спорскиот центар “Јане Сандански“, тој за мечот го вели следново:

Ние добро се познаваме со Вардар.  Неколку години наназад  одигравме голем број на мечеви, така да нема да имам некои непознаници за нивните ракометари. Знаеме дека ќе биде тежок натпревар за нас, особено поради формата на Вардар. Одиграа нерешено со Брест Мешков, потоа победија со Металург, а посебно ме импресионира победата над Веспрем, која е една од најсилните екипи во Европа. Се надевам дека ќе стигнеме до победата, но фаворит на натпреварот е нашиот противник.

 Стефан Вујиќ кој игра на позицијата среден бек во екипата на ППД Загреб вели дека не е изненаден од високата победа на црвено-црните над европскиот вице-првак Веспрем, бидејќи ги знае нашите квалитети тој за вечерашниот дуел го вели следното:

Не очекува меч со  тимот на Вардар, кој е тежок и непредвидлив противник. Форма нивна е веќе на потребното натпреварувачко ниво на стартот на сезоната, па така ќе мораме да се потрудиме повеќе доколку сакаме да стигнеме до цел плен од гостувањето во Скопје. Победа над Веспрем во минатото коло воопшто не ме изненади, затоа што сум свесен за нивниот квалитет. Јас очекувам надигрување, фер-плеј и нека победи подобриот на крајот.