Велат тимот што победува не се менува . Така воден од оваа позната изрека нашиот Кугларски клуб Вардар во преодниот рок не смени ништо во кадровскиот дел од својата екипата која стана шампион во купот и вицепрвак во шампионатот .
Вардар успеја да ги задржи сите свој играчи кој во историската сезона јуришаа кон врвот на македонското куглање . Тимот ги продолжи договорите со сите свој играчи на уште нови 12 месеца . Од Вардар најавуваат уште подобра сезона и атак на шампионскиот наслов и во лигата и одбрана на куп трофејот . Ова се сите играчи кој беа и со сигурност се членови и следната сезона на црвено – црниот кугларки колектив :
-Бојан Влаќевски- репрезентативец, рекордер и заедно со Димитар најдобар тандем во лигата
-Миле Димковски – еден од најискусните во лигата
-Дарко Димовски – екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол.
-Влатко Стојановски – екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол.
-Коста Ристевски – екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол
-Марјан Згонц – некогашен репрезентативец
-Дарко Димитровски – репрезентативец и екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол.
-Дане Јакимовски – екс член на КК Работнички и еден од најдобрите во лигата
-Младен Донковски – млад и надежен потенцијален репрезентативец и еден од најдобрите во лигата.