Покрај освоеното прво место за кошаркарскиот клуб Вардар( М-18), кој во финалето беше подобра од екипата на Мзт Скопје, уште две генерации генерации – кошаркари на Вардар беа на чекор до титулата оваа сезона во рамките на младинските лиги на МКФ, а на крајот го освоија второто место.
Генерацијата М-20 во финалето на Ф4 турнирот загуби во финалето од МЗТ Скопје со 82:73, додека во полуфиналето го победи ланскиот шампион Карпош Соколи со 84:81. Генерацијата М-14 во финалето од плеј офот загуби од Феникс со 2-0, а психичкиот товар настап во финалето беше најголемата пречка за „младите вардарци“. Во вториот финален натпревар на гости Вардар загуби од Феникс по продолжение, со тоа што ривалот веќе неколку сезони во помладите категории ја освоија титулата. Претходно Вардар успеа да елиминира две екипи во плеј офот, кои имаа подобри стартни позиции: Јуниор во четвртфиналето со 2-0 во победи и Работнички во полуфиналето со 2-1 во победи. За одбележување е и четвртото место на генерацијата М-13, кои во борбата за третото место во плеј офот загуби од Феникс со 2-0 во победи.
Вардар беше можеби единствениот колектив што имаше екипи во сите седум лиги во младинска категорија, а другите три генерации достојно се бореа за „црвено-црниот дрес“ генерацијата М-16 беше учесник во Супер лигата, а генерациите М-15 и М-12 со позитивен биланс ги завршија натпреварите во групите, а нијанси и повредите на клучни играчи, овие три генерации ги одалечија од настап во плеј офот.
Резултатите постигнати оваа сезона се обврска во новата сезона за уште понапорна работа. За добар дел од играчите од селекциите на Вардар, одмор и ќе нема бидејќи во неколку селекции на Македонија „вардарци“ ќе партиципираат со своето учество.