Утре со почеток од 20 часот во Виена, ќе бидат извлечени групите во машка конкуренција, во Лигата на Шампионите. Црвено-црните ќе ги дознаат своите противници во групната фаза во ЛШ, кој од следната сезона ќе има поразличен систем на натпреварување. Едно е сигурно дека Вардарци неможат за противник да ја добијат моќната екипа на Псж, со која се наоѓаат во истиот трет “шешир“. Од следната сезона екипите ќе бидат поделени во вкупно четири групи, од кои првите две “А и “Б“ се посилни по квалитет и групи “Ц“ и “Д“ кои ќе ги сочинуваат екипи со послаб квалитет. Нашиот Шампион се наоѓа токму во посилните групи. ЕХФ ги објави сите осум шешири во кои се сместени по две екипи.
Групи А и Б:
ШЕШИР 1: Барселона, Кил
ШЕШИР 2: Веспрем, Киелце
ШЕШИР 3: ВАРДАР, Псж
ШЕШИР 4: Колдинг, Целје
ШЕШИР 5: Пик Сегед, Висла Плоцк
ШЕШИР 6: Загреб, Рајн-Некар Левен
ШЕШИР 7: Кристијанштад, Бешикташ
ШЕШИР 8: Монпелје, Фленсбург
Во групите “Ц“ и “Д“ шеширите ќе изгледаат вака:
ШЕШИР 1: Ла Риоха, Металург
ШЕШИР 2: Мешков Брест, Скјерн
ШЕШИР 3: Чеховски медведи, Мотор Запорожје
ШЕШИР 4: Порто, Кадетен Шафхаузен
ШЕШИР 5: Баја Маре, Војводина
ШЕШИР 6: Татран Прешов, квалификант