Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лекиќ против Радичевиќ, Алтхаус против Дембеле и Лејно на Светското првенство во Данска
Лекиќ против Радичевиќ, Алтхаус против Дембеле и Лејно на Светското првенство во Данска

Лекиќ против Радичевиќ, Алтхаус против Дембеле и Лејно на Светското првенство во Данска

Во градот Колдинг(Данска) извлечена е ждрепката за престојното Светско ракометно првенство кое ќе се игра во Данска. Репрезентациите се поделени во четири групи, по шест селекции. На овој мундијал ќе настапуваат и црвено-црните девојки, кои ќе игаат едни против други. Во групата “А“ се најдоа: Данска, Црна Гора, Унгарија, Јапонија, Тунис и селекцијата на Србија. Оваа група е интересна поради дуелот на репрезентаците на Црна Гора и Србија, каде има и ракометарки на нашиот шампион. Лекиќ и најновото наше засилување Сања Дамнјановиќ ќе ги одмерат силите со своите колешки од Вардар, а репрезентативки на Ц.Гора-Радичевиќ и Кликовац. Ова е сигурно најтешката група од сите, во која ќе гледаме квалитетни мечеви. Тунис е актуелен првак на Африка, каде по подолго време ја симна Ангола од тронот на овој континент. Јапонија игра ракомет кој е многу поразличен од оној кој го практикуваат европските земји. Данска како домаќин ќе се обиде по подолго време да освои злато на едно големо натпреварување. Квалитетите на Унгарија ни се доволно познати кои секогаш атакуваат на највисок пласман. Сепак посебен акцент ставаме на дуелот помеѓу Србија и Ц.Гора.

Во групата “Б“ ќе се натпреваруваат селекциите на Куба, Шведска, Холандија, Полска, Кина и Ангола. Најголеми фаворити во оваа група се секако селекциите на Шведска и Полска, а од сенка ќе се обидат да направат изненадување и останатите екипи. Од сите Европски селекции, можеби Франција ја доби најлесната група, во која се наоѓаат уште и Бразил, Германија, Аргентина, Јужна Кореја и Конго. Тука ќе имаме дуел на нашиот голман Лејно и Дембеле, со Ања Алтахаус од Германија. Овие две репрезентации се големи фаворити и не би требало да имаат проблеми за пласман во следната фаза. Тука секако не смее никако да се заборави и одличната селекција на Бразил која е во подем. Групата “Д“ е можеби втора по квалитет најсилна група. Норвешка, Шпанија, Русија, Романија, Порторико и Казахстан ќе играат во оваа група. Се надеваме дека повик за настап во Руската репрезентација ќе добие и Татјана Хмирова, која оваа сезона ја пропушти во поголем дел поради повреда. За Шпанија би требало да настапи Бегоња Фернандез, која од следната сезона нема да ја гледаме во дресот на Вардар.