Викендов се одигра последното коло во оваа сезона во Македонската кугларска лига, а во истото на програмата беше големото македонско дерби Макпетрол-Вардар. Мечот беше од исклучително голема важност за двата тима, победникот во истиот поради поради еквивалентниот број на бодови во првите 9 кола ќе се закити со титулата шампион на Македонија во овој спорт. Макпетрол беше формален домаќин во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“, бидејќи во кугларница е и наш домашен терен.
Мечот почна со предност на “пумпашите“ кој дојдоа први до предност, потоа на сцена стапиа вардарци кои се обидоаа да се вратат во мечот тие делумно и успеаа во тоа. На сцената стапи најдоброто кугларско дуо во Македонија Влаќевски-Димитровски. Сепак “фортуната“ беше на страна на шампионот кој владее со нашето куглање деценија и пол, тие однесоа победа со само 18 “соборени дрва“ повеќе, екипно Макпетол имаше 3537 “соборени дрва“, а избраниците на Драги Димитровски само 18 помалку односно 3519 “соборени дрва“, Во овој меч црвено-црните кугларии покажаа карактер беа блиску до безната и се вратиа во мечот сепак не успееа да победат и да го соборат шампионот од тронот. Но покажаа карактер, желба и она што е најважно дека времето на “пумпашите“ полека заминува, а надоаѓа она на црвено-црниот клуб. Веќе познато најдобри два скора како и секој меч имаат Бојан Влаќевски со фантастични 658 “соборени дрва“ и Димитар Димитровски со одлични 603 “соборени дрва“. Покрај тоа кај нас останатите играчи ги забележаа следните резулати : Јакимовски 577, Донковски 572, Димовски 548, Згонац забележа 120 “соборени дрва“ по 30 фрлања и беше заменет со помладиот брат на Димитар Димитровски талентираниот Дарко кој собори 441 “дрва“. Нашиот Вардар е на добра патека, онаа која носи до врвот прашање на време е само кога ќе го достигне. Во продолжение од сезоната ни останува “Председателскиот куп“ во кој ќе ја браниме ланската круна, сепак вице-шампионската позиција воопшто не е за потценување ако се земе во обзир дека постоиме во ваков возобновен формат втора сезона по ред. Вардар фанс им изразува поддршка на момците и им посакува успех во иднина, се разбира како и досега така и во иднина ќе бидеме нивната верна сенка.