Утре на 5 септември во организација на Endurance.mk – Скопје, а во соработка со Скопски Маратон, ќе биде организиран првиот ноќен Полумаратон во Македонија – ‘City Park Night 21’. На истиот ќе земе учество нашиот атлетичар членот на АК Вардар Петре Завировски .
Завировски очекува добра трка и задоволителен пласман на истата . Црвено – црниот атлетичар ќе атакува на време под 1час и 20 минути на оваа трка и пласман на една од првите пет позиции. Локација за овој прв ноќен полумаратон во земјава е Градски Парк, Скопје (во непосредна близина на летната дискотека Икс Ел). Почеток на трката е закажан за во 19:00 часот ,според пропозициите временски лимит на трката е 3 часа. Патеката на полумаратонот е кружна еден круг на истата изнесува 1750 метри ,а се вртат вкупно 12 круга. Патеката е прегледна, обележана околу целиот круг, како и на критичните вртења.