Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Христијан Гавровски: На дербито очекувам максимална посветеност од моите соиграчи
Христијан Гавровски: На дербито очекувам максимална посветеност од моите соиграчи

Христијан Гавровски: На дербито очекувам максимална посветеност од моите соиграчи

Викендов ќе се одигра третото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Во ова коло, ќе се игра дербито помеѓу екипите на Вардар и Пелистер. Кадетите на Фк Вардар во недела ќе гостуваат во Битола, каде ќе се обидат да ја продолжат победничката серија која ја наметнаа од стартот на новата сезона. Десниот бек на црвено-црните Гавровски ги споделува очекувањата од дерби дуелот со Пелистер.

-На дербито во недела очекувам максимална посветеност од моите соиграчи, како и од мене самиот. Пелистер има квалитени играчи, но мислам дека нашиот тим во моментов е посилен. На турнирот “Скопје куп“ го добивме за противник токму Пелистер, на кој одигравме многу добар натпревар со многу шанси. На тој меч забележавме победа. 

Кадетите предводени од новиот тренр Влатко Колев, имаат максимални 6 бодови, по првите две одиграни кола.

-Расположението во екипата со новиот тренер е одлично, формата ни оди во нагорна линија. Јас сум презадоволен од стартот на првенството и очекувам само победи до крајот на сезоната, изјави Христијан Гавровски за Вардар Фанс.

Фото: ТК Медиа

Звонко Ивановски