Голем број на новинари решија да направат анализа на екипите кои се учесници во лигата на шампионите и нивните резултати кои ги остварија во подготвителниот перид. На таа листа се најде и нашиот ракометен шампион, екипата на Вардар. Според многу бројните мислења, Веспрем од Унгарија најмногу воодушевил со своите игри за време на подготовките. Во анализата за вицешампионот на Европа, се вели дека тимот се наоѓа во импресивна форма каде забележа девет победи од исто толку одиграни натпревари. Тука се победите против ПСЖ ( 32:31), потоа Фуксе Берлин ( 26:24) и можеби најубедливиот настап против Германски Кил (32:19). Го освоија супер купот во својата земја и уште еднаш ја потврдија доминацијата над Пик Сегед.
За екипата која во последните две сезони стигна во најдобрите осум екипи, нашиот шампион Вардар во анализата стои дека црвено-црните ги освоиле двата турнири на кои учествувале. Македонскиот првак го освои турнирот во “Кањижа“ и Скопје, вклучувајќи победи против екипи кои се учесници во лигата на шампионите, како Пик Сегед, Кристијанштад и Чеховски Медведи. Новите засилувања, како Деревен и Манасков веќе се прилагодија на играта, која ја наметнува тренерот Гонзалес, се вели во анализата на ЕХФ.
Со своите игри и резултати во пред сезонскиот период, Вардар ги остави позади себе екипи како Киелце, потоа бундеслигашите, Фленсбург, Рајн-Некар, Кил, како и Висла Плоцк и Пик Сегед.