Специјализираниот ракометен портал “Хендбол планет“ , стандардно секоја година прави листа на најдобри трансфери за новата сезона. Според нив, во оваа листа се најдоа двајца играчи, кои летово пристигнаа во нашиот ракометен шампион. Хорхе Македа кој премина во Вардар од Француски Нант, го зазема високото 10 место. Во ТОП 25 со кој се затвара оваа листа се најде и Дејан Манасков, кој го засили клубот, откако помина пола сезона во бундеслигашот Вецлар.
Инаку врвот го држат очекувано Никола Карабатиќ кој го засили ПСЖ, Филип Јиха кој дојде во Барселона и Арон Палмарсон, со трансферот од Кил во Веспрем. Вака изгледа листата на ТОП 25 најдобри трансфери ова лето.
1. Никола Карабатиќ (од Барселона во ПСЖ)
2. Филип Јиха (од Кил во Барселона)
3. Арон Палмарсон (од Кил во Веспрем)
4. Никлас Ландин (од Рајн-Некар во Кил)
5. Мариуш Јуркиевич (од Висла во Кјелце)
6. Хенрик Молгард (од Скјерн во ПСЖ)
7. Камил Сипжак (од Висла во Барселона)
8. Павел Атман (од Ел Џаиш во Мешков Брест)
9. Хорхе Македа (од Нант во Вардар)
10. Расмус Лауге (од Кил во Фленсбург)
11. Кентан Мае (од Хамбург во Фленсбург)
12. Иван Слишковиќ (од Целје во Веспрем)
13. Бјарте Мирхол (од Рајн-Некар во Скјерн)
14. Марко Копљар (од ПСЖ во Барселона)
15. Константин Игропуло (од Фуксе Берлин во Колдинг)
16. Дајнис Кристиопанс (од Татран Прешов во Мешков Брест)
17. Жером Фернандез (од Тулуз во Екс)
18. Дарко Станиќ (од Битигхајм во Рајн-Некар)
19. Никола Маркусен (од Скјерн во Силкеборг)
20. Ахмед Ел Ахар (од Ел Џаиш во Ал Замалек)
21. Михаел Дамгард (од Холстебро во Магдебург)
22. Јохан Сјостранд (од Кил во Мелсинген)
23. Микаел Апелгрен (Мелсинген – Рајн-Некар)
24. Хенрик Тофт Хансен (од Хамбург во Фленсбург)
25. Дејан Манасков (од Вецлар во Вардар)