Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Што ”испазари” ФК Вардар ова лето?

Што ”испазари” ФК Вардар ова лето?

Што ”испазари”, и како ”испазари” ФК Вардар ова лето!? Во ФК Вардар веќе од година в година доаѓаат повеќе, одколку што си заминуваат играчи. Ростерот и оваа година на екипата е ”преполнет” на сите позиции. Ова лето во Вардар имаме дури четири голмани, ретко која екипа во Европа има четири голмани во својот тим. Одиме кај одбраната, е, тука Вардар има вистинска колонија на играчи. Вкупно нашиот тим во одбраната за оваа сезона (бар до зимоска) има дури 11 играчи… тоа е цел фудбалски тим!
11873406_849263978501951_8023417061641454377_n                                                  Досега, полн погодок! Жуан Фелипе
Во средниот ред нашиот тим има девет играчи. Е сега доаѓаме до најголемиот проблем во играчкиот кадар на тимот, нападот. ФК Вардар не дека нема доволен број на напаѓачи, но го нема оној вистинскиот гол играч во тимот, кој со еден потег ќе може да го реши натпреварот. Дојде и Ромеро, но не е тоа тоа, ФК Вардар и ова лето остана без вистински гол играч, кој беше и најголем проблем во квалификациите за Л.Ш, да не заборавиме. Несомнено, бар до зимоска, таа улога ќе треба да ја игра Дејан Блажевски, на кој добро му тргна во првенството до сега. Долго е првенството, останува да сочекаме…
11403135_827658410662508_9214141609270649784_n                                                                     Очекуваме и Велковски да блесне во ФК Вардар

Во ФК Вардар дојдоа:


Филип Гачевски (голман)
Немања Мијушковиќ (одбрана)
Евгени Новак (одбрана)
Владица Брдаровски (одбрана)
Дарко Велковски (одбрана/средина)
Бобан Николов (среден ред)
Жуан Фелипе (среден ред)
Ацо Стојков (напад)
Цезар Ромеро (напад)

Фотографии: fkvardar.mk