Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Младите Вардарци ги победија врсниците од Ботев – Бугарија
Младите Вардарци ги победија врсниците од Ботев – Бугарија

Младите Вардарци ги победија врсниците од Ботев – Бугарија

Продолжија натпреварите на турнирот во Благоевград. Младите Вардарци ( генерацијата 2004) вчера ги победија врсниците од Бугарија од тимот на Ботев Пловдив со резултат 3:2. Стрелци на погодоците за нашата екипа беа Горазд Попов, Марио Ричков и Георг Стојановски. Претходно во групата одигравме уште два натпревари на кои забележавме една победа и еден пораз. Триумфиравме против Левски ( 2:0), а поразени бевме од Црвена Ѕвезда ( 1:2). Стрелец на погодокот против Ѕвезда беше Марио Ричков.

Денеска нашите млади дечиња родени 2004 година ќе играат полуфинале на овој турнир, против дечињата на Таргу Муреш од Романија. Очекуваме нашите млади момчиња да влезат во големото финале за нив на овој турнир.