Како што дознаваме начелно е договорено тест дуел во Прилеп помеѓу домашниот тим на новиот второлигаш ФК Победа и нашиот црвено – црн состав . Овој меч е закажан со цел да се одржува натпреварувачката форма за време на паузата , а пред пеколниот период од 20дена во кој вардарци ќе одиграат дури 6 меча (види распоред) .
Мечот е закажан за во недела во 16-30 на стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп. Шефот на стручниот штаб на Вардар Гоце Седлоски ќе одигра со комбиниран тим бидејќи како што е веќе познато 8 наши момци се повикани за репрезенациите . И тоа за Македонија А-Селекција Томе Пачовски, Никола Глигоров, Владица Брдаровски, за МакедонијаУ-21: Петар Петковски, Дарко Велковски и Бобан Николов, за Ерменија А-Селекција: Хофханес Хамбарџумјан и Ерменија У-21 Артур Миранјан. До крајот на паузата се очекува да се одржуват само тренинзи и досега , а и најверојатно нема да се закажуваат нови тест-средби .Добар момент е и што Вардарци ќе гостуваат на стадионот каде ќе се запознаат со условите , а на кој ФК Пелистер ќе не пречека во купот .