Во периодот кога има пауза во домашниот шампионат Вардар се наоѓа на врвот на табелата во ПМФЛ. Исто така и на листата на стрелци во првата македонска лига на чело се наоѓа Блажевски играч на црвено – црните.
Вардар во досегашниот дел од сезоната во 5 меча даде 14 гола или во просек речиси 3 по натпревар , за оваа категорија посебно допринесе големата победа во мечот со новиот прволигаш ФК Младост од 6:0 . Избраниците на Седлоски се втор најефикасен состав во лигата по оној на Шкендија , но имаат најголема гол позитива во лигата од 11+ гола . Имаме примено само 3 гола што е во просек 0,6 погодоци по меч . Особено радува што во последните три кола одбраната е на ниво и немаме ниеден примен гол . Погодоците за вардарци ги постигнаа седум различни фудбалери . Убедливо прв на клубската и првенствената листа е Блажевски со 5 гола , а зад себе го има и единствениот гол во 1/16 финалниот куп дуел . Следат тројца со по два погодока Ивановски , Филипе и Дашјан .
Место | Играч | ПМФЛ+КУП | Вкупно |
1 | Блажевски | 5+1 | 6 |
2/4 | Филипе | 2+0 | 2 |
2/4 | Ивановски | 2+0 | 2 |
2/4 | Дашјан | 2+0 | 2 |
5/7 | Ромеро | 1+0 | 1 |
5/7 | Хоф/Љамчевски | 1+0 | 1 |