Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Данската ракометна репрезентација, ќе одигра контролни натпревари со Вардарки
Данската ракометна репрезентација, ќе одигра контролни натпревари со Вардарки

Данската ракометна репрезентација, ќе одигра контролни натпревари со Вардарки

Данската ракометна репрезентација ќе биде спаринг партнер на Вардарки, на крајов на месецов во С.Ц. Јане Сандански. Од клубот известуваат дека Данките ќе бидат гости на нашиот шампион и ќе одиграме контролни мечеви, чиј број сеуште не е познат. Оваа репрезентација ќе се подготвува за Европското првенство за сениорки, кое во 2016 година ќе се одржи во Шведска, како и за квалификационите дуели со Турција во месец октомври.

Жрк Вардар во недостаток на домашни и балкански натпревари, наоѓа можност да закажува вакви контролни мечеви со цел што подобро да се воиграат, пред почетокот на лигата на шампионите. Најавено е заминување во Охрид, во периодот од 14-18 септември. Потоа ќе следуваат пријателските дуели со Данската репрезентација.