Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Циндриќ за Вардар Фанс: Мислам дека беше одличен меч, кој добро го одигравме и заслужено победивме
Циндриќ за Вардар Фанс: Мислам дека беше одличен меч, кој добро го одигравме и заслужено победивме

Циндриќ за Вардар Фанс: Мислам дека беше одличен меч, кој добро го одигравме и заслужено победивме

Започна новата сезона во сеха лигата за ракометарите на Вардар. Во првиот воведен натпревар забележавме висок триумф, против екипата на Војводина ( 37:27). Без поголеми проблеми и со половина сили успеавме да ја впишеме првата победа во ова натпреварување. Иако противникот држеше резултатска рамнотежа до 15 минута, сепак во продолжение немаше сили за нешто повеќе да направи на овој дуел. На теренот излегоа сите играчи, кои беа на располагање на тренерот Гонзалес. Меѓу нив беше и средниот бек, Лука Циндриќ кој постигна два погодоци и само за нашиот сајт ги сподели впечатоците од првиот натпревар во сеха лигата.

Најпрво да и честитам на екипата на Војводина за добрата игра. Знаевме дека нема да биде лесно и дека не чека тежок натпревар, бидејќи е почеток на сеха лигата. Сеуште се воигруваме и обидуваме да ја пронајдеме нашата вистинска форма, за тешките натпревари кои ни доаѓаат во лигата на шампионите. Мислам дека беше одличен меч, кој добро го одигравме и заслужено победивме.

Хрватскиот репрезентативец ова лето пристигна во црвено-црниот состав, откако претходно доби раскин на договорот со Металург. Одличен организатор на играта, кој заедно со Карачиќ ќе го понесат товарот на таа позиција.

Секоја чест за целиот тим, кој одлично ме прифати. Мислам дека добро се снаоѓам, ова е само нов почеток на сезоната за мене. Јас сум многу задоволен од прикажаното до овој период и се надевам дека така ќе продолжам и понатаму, изјави Лука Циндриќ за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски