Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Од ФК Вардар повикан и 8-ми репрезентативец. Миранјан повикан за Ерменија У-21
Од ФК Вардар повикан и 8-ми репрезентативец. Миранјан повикан за Ерменија У-21

Од ФК Вардар повикан и 8-ми репрезентативец. Миранјан повикан за Ерменија У-21

Бројот на играчи кои од  црвено – црните добија покана за настап за своите репрезентации, порасна на фантастични осум имиња. Последен кој е повикан за својата репрезентација е младиот фудбалер на вардарци, ерменецот Артур Миранјан.

Селекторот на Ерменската селекција за млади фудбалери на својот список од 23 играчи го повика и  Миранјан кој ќе биде во комбинација за квалификацискиот натпревар против Романија, кој се игра на 8 септември во Ереван. Артур за младинската ерменска селекција има еден погодок на четири меча ,а исто така беше повикан во сениорскиот состав за мечот против селекцијата на Португалија.

Освен Артур другите седум повикани вардарци се :

  • Македонија(сениори): Томе Пачовски, Никола Глигоров, Владица Брдаровски 
  • Македонија(У-21): Петар Петковски, Дарко Велковски и Бобан Николов 
  • Ерменија (сениори): Хофханес Хамбарџумјан