Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > По паузата вистински “пекол“ за ФК Вардар ќе одигра 6 меча за 20 дена во три натпреварувања
По паузата вистински “пекол“ за ФК Вардар ќе одигра 6 меча за 20 дена во три натпреварувања

По паузата вистински “пекол“ за ФК Вардар ќе одигра 6 меча за 20 дена во три натпреварувања

По паузата во домашниот фудбалски шампионат поради репрезентативните натпревар, нашиот ФК Вардар го очекува еден навистина тежок период со голем број мечеви. За само дваесетина дена нашите момци ќе одиграат шест меча и тоа во три натпреварувања домашната лига , купот на РМ и Суперкупот.

Почнуваме дома на 13 септември со тимот на Турново  , а следниот викенд на 20 септември гостуваме кај тетовска Ренова двата меча се дел од ПМФЛ. Во среда во 20 часот на 23 месецов на Арената Филип втори не очекува Суперкуп дуелот со ФК Работнички меч за првиот пехар сезонава. На 27 во недела повторно ги нагостуваме “Романтичарите“ овој пат во рамките на првата лига. На 30 септември во среда играме со Пелистер во третото натпреварување тоа е купот на РМ повторно сме домаќини овој пат на Македонското фудбалско дерби ги пречекуваме битолските зелено- бели. Пеколниот период завршува на 4 Октомври со гостување во Кратово во меч од најквалитетната домашна лига кај тимот на Силекс.

Навистина следи голема борба на три фронта за нашите момци, се надеваме на пехар од Суперкупот, втор во историјата на црвено – црните и одлични резултати во останатите мечеви. Само да нема неочекувани повреди кој може да дојдат во еден ваков густ и нетипичен распоред за македонски фудбалски услови.