Се зголеми бројот на фудбалери кој од црвено – црниот табор ќе бидат на располагање на селекторот на македонската фудбалска репрезентација. Денес Љубинко Друловиќ дополнително го повика младиот вардаров дефанзивец Владица Брдаровски.
Брдаровски ќе биде трето име од ФК Вардар покрај Пачовски и Глигоров кој ќе биде во комбинација за престојните мечеви со Луксембург на гости и со силната Шпанија дома. По денешниот скандал во А-селекцијата кога Димитровски си заминал селекторот реши дополнително да го повика нашиот играч и Илијоски од Работнички кои уште денес ќе се стават на располагање за вечерниот тренинг во 18:30 часот во центарот „Петар Милошевски“.
Остануваме да видиме кој од нашите момци ќе добие шанса за мечевите со Луксембург во гости закажан на 5-ти Септември , а дуелот со Шпанија е закажан за 8-ми Септемви на Арената Филип втори.