Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Влатко Гиевски нов играч на Вардар
Куглање! Влатко Гиевски нов играч на Вардар

Куглање! Влатко Гиевски нов играч на Вардар

Кугларскиот клуб Вардар по крајот на минатата сезона го напуштија двајца играчи, Димитар Димитровски и Младен Донковски, а тимот донесе едно нови име Тони Тодоровски. Од денес тимот го пополни и второто празно место со нов играч, станува збор за Влатко Гиевски.

Станува збор за 33 годишен играч кој се реактивира во овој спорт, сличен потег лани повлече тренерот Драги Димитровски со реактивирањето на Георг Поп-Крстев што се покажа низ сезоната, а особено во финалето од Купот како одличен стратегиски потег. Новајлијата во нашите редови има играно за КК Работнички во неговите најдобри сезони во мак.куглањето, тој настапувал за црвено-белите кога тренер на тимот беше Драги Димитровски актуелниот кормилар на црвено-црниот кугларски тим. Треба да се напомене дека Гиевски беше првак на Република Македонија своевремено во јуниорска категорија, станува збор за квалитетен и стабилен куглар.