Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во Скопје доаѓаат Робин ван Перси, Дирар, Валбуена, Шкртел..
Во Скопје доаѓаат Робин ван Перси, Дирар, Валбуена, Шкртел..

Во Скопје доаѓаат Робин ван Перси, Дирар, Валбуена, Шкртел..

Вардар го доби Фенербахче за противник во плејофот за Лигата на Европа. Ова значи дека во Скопје доаѓаат голем број на некогашни и сегашни големи фудбалски имиња.

Започнуваме со најзвучното име, Робин ван Перси. Славниот играч од Холандија доаѓа во Скопје заедно со уште многу докажани фудбалски имиња. Од оваа сезона за турскиот гигант потпишаа Валбуена од Лион, како и одличниот крилен играч Дирар кој дојде од шампионот на Франција, тимот на Монако. Покрај овие двајца, тука е и голманот Камени кој дојде од Малага, Чилеанецот Исла кој дојде од Италија и уште многу други. Во екипата се и некогашниот играч на ПСЖ, Грегори ван дер Вил и одбрамбениот играч Мартин Шкртел кој го паметиме од настапите за Ливерпул. Во овој тим се и домашните играчи, искусниот голман Демирел, потоа Туфан, Топал, Потук и тн. Во овој состав на Фенербахче настапува и нашиот репрезентативец Елмас, кој ова лето го засили тимот од Турција.

Се на се, пред Вардар стои голем предизвик, во Скопје доаѓаат големи фудбалски имиња.