Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Николов, Којашевиќ и Спировски: Ни се падна тежок противник
Николов, Којашевиќ и Спировски: Ни се падна тежок противник

Николов, Којашевиќ и Спировски: Ни се падна тежок противник

Ждрепката посака Вардар да го добие Фенербахче за противник  во плеј-офот во Лигата на Европа Мислењата на неколкумина играчи  после ждрепката во Лигата на Европа се неподелени, ни падна многу силен ривал, но треба да играме:

БОБАН НИКОЛОВ:

„Добивме силен противник, но не се плашиме. Ќе одиме да се надигруваме со нашиот ривал. Станува збор за екипа составена од играчи кои што играле во најсилните првенства и секогаш имаат фудбалски „ѕвезди“. Мислам дека ќе бидат два добри натпревари пред многу публика и во Скопје и во Истанбул. До сега на сите натпревари одевме со цел. Полни со отпимизам сме, веруваме сите дека можеме да го поминеме Фенербахче. Против секој тим ќе дадеме максимум, така ќе биде и на овие два натпревари“

СТЕФАН СПИРОВСКИ

„Фенербахче е силен противник, еден од најсилните кои што можеа да ни се паднат. Секоја година игра во групна фаза во Европа, и секоја сезона се бори за титулата во Турција. Ќе бидат два интересни натпревари, верувам дека трибините ќе бидат полни и на двата меча и ќе играме пред добра атмосфера. Противникот е силен, меѓутоа ќе одиме да се надигруваме и да се обидеме да направиме добар резултат и да се обидеме да влеземе во групната фаза од Лигата на Европа“

ДАМИР КОЈАШЕВИЌ

„Да бидам искрен од сите тие пет екипи кои беа можни противници, нѝ се падна најтешкиот тим за ривал. Тоа е што е, одиме да се надигруваме и се надеваме дека ќе излезе добро за нас. Покажавме во Лигата на шампионите дека можеме да се носиме со секого, освен на оние лоши последни 15 минути во Копенхаген кои треба да ги заборавиме. Нашата цел е да пројдеме. Не стравуваме од Фенербахче, иако имаат добри играчи и големи фудбалски „ѕвезди“. Фудбалот е тимски спорт, а не индивидуален. Нас не краси тимски дух и се надевам дека ние ќе излеземе како победници од двата натпревари“.