Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар викендов го пречекува Пелистер
КК Вардар викендов го пречекува Пелистер

КК Вардар викендов го пречекува Пелистер

КК Вардар в сабота ќе одигра нов натпревар во плеј-аут лигата. Нашите млади играчи ако сакаат да останат во правата лига и следната сезона, тогаш ќе мора да ја забележат првата победа оваа сезона против директниот конкурен, екипата на КК Пелистер.

Вардарци плеј-аутот го започнаа со пораз, иако до самиот крај можеа да се надеваат на победа против Струмица. Но, тој натпревар е веќе зад вардарци, сега е на ред конечно да се добие некој натпревар. Пелистер е вистинска шанса за тоа. Се надеваме дека КК Вардар ќе стигне до првата победа оваа сезона.