Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Лесна и убедлива победа на ЖКК Вардар
Лесна и убедлива победа на ЖКК Вардар

Лесна и убедлива победа на ЖКК Вардар

Вчера ЖКК Вардар одигра нов натпревар во рамките на првата кошаркарска лига. Нашите девојки на домашен терен го пречекаа тимот на ЖКК Шкупи. Овој натпревар нашиот тим го доби со убедлив резултат 63:34.

Вардарки уште од самиот почеток направија поголема разлика. Како одминуваше текот на натпреварот, така и вардарки си ја зголемуваа својата предност. Во ниту еден момент победникот на овој натпревар не беше доведен во прашање. На крај, нашите девојки стигнаа до 63 постигнати поени, а примија само 34. Ова беше уште една победа во низа за нашите девојки кои оваа пролет бележат само позитивни резултати.

Во редовите на нашиот тим прв стрелец на овој меч беше Шарп со 18 поени, Деловска постигна 7, Ватс, Лазарова и Ѓоргиева придодадоа по 6, Муса постигна 5, Харбов и Тодевска запишаа по 4.