Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Викендов прволигашки фудбал во сабота
Викендов прволигашки фудбал во сабота

Викендов прволигашки фудбал во сабота

Викендов сите натпревари во ПМФЛ ќе се одиграат ден порано од предвиденото, односно во сабота. Во рамките на 23 коло, шампионот на Македонија, тимот на Вардар ќе се сретне со тимот на Македонија ЃП. Овој натпревар вардарци ќе го одиграат на гостински терен во сабота со почеток во 14 часот.

Вардарци пред овој натпревар се наоѓаат на првата позиција на првенствената табела со 50 освоени бодови. Тимот на Македонија ЃП во моментов го завзема предпоследното место со 16 освоени бодови, односно само три победи во ПМФЛ.

Очекуваме еден интересен дуел против младиот тим на Македонија ЃП.