Викендов продолжија кошаркарските возбудувања во машката прва лига. Вардарци во првото “пролетно“ коло гостуваа кај КК Пелистер. Зелено-белите поради реновирањето на салата „Младост“, како домаќини играа во Кавадарци, каде по втор пат во оваа сезона беа подобри од црвено-црните со 69:57, со пресврт во вториот дел.
Резултатот по четвртини изгледаше вака: 24-20; 8-15; 13-11; 24-11
Вардар на одмор замина со предност. Па така по 20. минути од играт резултатот гласеше 32-35 за избраниците на Кочов. Вчера за црвено-црните демитираше американецот Ибитахо Дедеји Адекунле, кој запиша „дабл-дабл“ од 15 поени и 11 скока на овој меч. По седум минути во третиот дел, односно во 28 минута КК Пелистер стигна до израмнување 43:43. Пелистерци напад по напад се одлепуваа тие поведоа со 62:54 во 37. минута од играта, се насетуваше нов пораз за младите вардарци. Покрај “новајлијата“ Ибитахо најефикасни беа и следните двајца момци- Калов кој имаше 13 поени и 5 скока и Зекири 9 поени и 8 скока.