Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци вчера се сместија во “Каја Палацо“, веќе во вторник “контролка“ со Стеауа Букурешт.

Вардарци вчера се сместија во “Каја Палацо“, веќе во вторник “контролка“ со Стеауа Букурешт.

Момците на ФК Вардар вчера  попладнево пристигнаа во Анталија-Турција. Тие потоа  се сместија  во хотелскиот комплекс „Каја Палацо“ во областа Белек кој ќе биде нивна “база“ оваа зима во турскиот туристички центар.

Избраниците на Гоце Седлоски вчера доцна попладне имаа полесен тренинг, чија главна цел беше да го почувствуваат и да се „аклиматизираат“ на теренот на кој ќе ги реализираат своите  подготовки. Како што е познато според претходно зацртаниот план нашиот шампион  во Анталија ќе мине три недели. Ќе има голем број на тренинзите и ќе игра и пет “контролки “  за кои веќе ве известивме за противниците. Брзо ќе дојде и првиот  натпревар   на подготовките, тој на приграмата е веќе во вторник. Нашиот тим ќе игра  против романскиот повеќекратен шампион  Стеауа Букурешт. Се очекува Седлоски во Анталија да ја подготви екипата за пролетните предизвици и атакот на два трофеја еден во купот и одбрана на тој во првата македонска фудбалска лига.