Monday ,14 October 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар победи во јуниорското, Макпетрол во сениорското дерби

КУГЛАЊЕ! Вардар победи во јуниорското, Макпетрол во сениорското дерби

Екипното куглање повторно на програмата во земјава. Вчера “пумпашите“  не  пречекаа во дербито   во кугларницата при   Спорскиот центар “Борис Трајковски“ во две категории јуниорска и сениорска. Во категорија на јуниори победа за избраниците на Драги Димитровски, кај сениорите триумф однесе КК Макпетрол.

jj1

Во јуниорскиот дуел Митиќ Мартин и Љупчо Митиќ го имаа своето “пеколно крштевање“. Така на првиот екипен  натпревар во јуниорска категорија во историјата на МКЛ-македонската кугларска лига вардарци однесоа триумф. Со неполни 10 тренинзи во својот кугларски стаж дуото Митиќ ја забележа првата победа, и тоа гостинска што дава поголема тежина на нивниот успех. Тие однесоа победа над јуниорите на шампионот КК Макпетрол со 0:4 (1:7 ; 582:648).  Дојчиновски беше поразен од  Љупчо Митиќ со 1-3, апак Митиќ Мартин во дуелот со Блинџов триумфираше со максимални 0-4 во сетови. Овие млади момци испишаа историја. Очигледно е дека тренерот Драги Димитровски за кратко време успеал да создаде голем потенцијал.

jj

Веднаш по нив на мегдан искочија сениорските состави. По првата серија во која настапија Миле Димовски и Марјан Згонц “сино-жолтите“ поведоа со 2-0. Следни на мегдан искочија од црвено-црните Дарко Димитровски и “новајлијата“  Ѓорѓ Поп Крстев. Почнаа доста изедначено, особено одличен беше Крстев кој после голема пауза се реактивираше. Сепак немаа “пумпашите“ дојдоа до нови две победи и поведоа 4-0. Последни се појавија на патеките Димитар Димитровски и Младен Донковски.

ll

Веќе се беше загубено, Донковски одигра солидно, иако за играч со негов квалитет се очекува повеќе бидејќи истиот тоа го може. За Димитар Димитровски нема што да се коментира, одигра “професорски“ подели повторно кугларски час на сите 12 учесници во овој меч. Тој имаше 644 соборени “дрва“ освојувајќи го најубедливо својот поен, кој се покажа како единствен за црвено-црните. Диме беше дефинитивно број еден на овој меч. Макпетрол ја оправда фаворитската улога, ние по заминувањето на Бојан Влаќевски бевме свесни дека овој дуел ќе има ваков или сличен тек сепак остануваат многу мечеви оваа пролет за одигрување.   Домаќините победија со 7:1 (16,5:7,5; 3499:3339).