Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардаровото трио во Русија постигна половина од погодоците кои не беа доволни за пласман во 1/4, таму има место за Кањелас и Душебаев со Шпанија

Вардаровото трио во Русија постигна половина од погодоците кои не беа доволни за пласман во 1/4, таму има место за Кањелас и Душебаев со Шпанија

Репрезентациите на Норвешка, Франција, Шпанија и Словенија се првите четвртфиналисти на СП во Франција. Ова е епилогот од одиграните вчерашни осминафинални натпревари.

Иако важеше за голем фаворит во дуелот против Бразил, репрезентацијата на Шпанија со крајни сили успеа да победи и да се пласира во најдобрите осум екипи. Шпанија во текот на целиот меч имаше големи проблеми и може да се каже дека само среќата на крајот им донесе победа. Во текот на целото прво полувреме Бразил беше во постојана предност. Во првите шест минути двете екипи играа гол за гол и резултатот беше израмнет (3:3). Од тој момент започна предноста на Браил која траеше до крајот на првото полувреме. Најголемо водство, селекцијата на Бразил имаше во 19 минута кога поведоа со 11:8. Кариоките го имаа расположениот голман Алмеида, додека на спротивната страна не блескаше Перез Де Варгас. Имаше Бразил водство и од 15:13, а на полувреме замина со резултат 18:16.

vardarfans-dujsebaev

Второто полувреме започна со гол на Бразил кои ја вратија највисоката разлика од три гола и поведоа со 19:16. Во второто полувреме на голот на Шпанија застана Коралес кој поврза неколку одбрани, кои на својата репрезентација му носат израмнување од 23:23. Шпанија по долго време, односно од стартот на мечот повторно се врати во водство од 24:25 а пропуштија шанса преку удар од седум метри да зголемат на два гола. Се влезе во неизвесна завршница, а на три минути пред крај гледавме уште едно израмнување 26:26. Последниот гол за водство на Шпанија го постигна Алекс Душебаев кој ги постави конечните 27:28. Токму играчите на Вардар беа најефикасни кај победникот. Душебаев и Кањелас го завршија натпреварот со по 5 постигнати голови. Во редовите на Бразил, Мораес Фереира не се запиша во листата на стрелци.

Словенија успеа да го добие осминафиналето против Русија и на тој начин да ги продолжи настапите на муднијалот. Во првите десет минути, избраниците на Торгованов беа во псотојана предност не повеќе од два гола разлика, по што Словенија постигнува три гола во серија и поведува со 8:9. Во последните пет минути од првото полувреме, избраниците на Вујовиќ влегоа со еден гол позитива (13:12), но Русија имаше одличен финиш постигнувајќи три последователни голови кои беа дело на Шишкарев, Дибиров и Деревен, за на полувреме да имаат предност од 15:13.

vardarfans-dereven

За неколку минути во вториот дел, Словенија прави резултатски пресврт и повторно поведува додека последното израмнување беше при реултат 18:18, кога за Русија погоди крилото на Вардар, Данил Шишкарев. Од тој момент избранциите на Вујовиќ го “кршат“ резултатот и со серија од 5:0 зголемуваат на 23:18. Највеќе што успеа да стори Русија до крајот е да намали на четири гола негатива. Сепак на крајот Словенија славеше со повисок резултат од 26:32. Играчите на Вардар постигнаа половина од погодоците за Русија на целиот натпревар. Деревен и Шишкарев имаа по 5 голови, додека Дибиров го заврши мечот со 3 голови.

Денес на програмата се останатите осминафинални двојки, по што ќе бидат познати сите осум селекции во четвртфиналето.