Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Кастратовиќ 1, Ново Лисиче и РК Војнисон блиску до полуфиналето во женскиот дел кај генер. 2004/05

РК Кастратовиќ 1, Ново Лисиче и РК Војнисон блиску до полуфиналето во женскиот дел кај генер. 2004/05

Продолжија натпреварите од второто коло на ракометниот турнир кај генерација родени 2004/05 во женска конкуренција. Се одиграа натпревари од групата А,Б и В, по што некои од работите станаа јасни во секоја од групата. Сепак конечните полуфиналисти ги дознаваме после одигрување на третото коло. Во полуфиналето ќе играат првопласираните од трите групи и најдобрата втора екипа од групите.

РК Ново Лисиче стигна до вториот триумф во групата Б, нанесувајќи му прв пораз на РК Кастратовиќ. Натпреварот започна со водство на Ново Лисиче од 3:0. Првиот гол избраничките на Дамовска го постигнуваат во петтата минута за намалување на резултатот. Имаа водство Н.Лисиче и од 5:2, па направија серија од 3:0 за зголемување на резултатот на 8:2. До крајот на првиот дел само го зголемуваа водството, за на одмор да се замине со предност од 12:5.

vardarfans-novo-lisice-kastratovic

Во вториот дел, избраничките на Аврамовска имаа контрола на резултатот и на крајот славеа убедливо со 17:8. Бојана Коцева беше најефикасна со 10 голови. Блиску до полуфиналето е РК Лисиче бидејќи ова  е нивна втора победа во групата.

vardarfans-rk-novo-lisice

Прва победа во групата А забележа екипата на РК Асови која беше подобра во дуелот со РК Кисела Вода. Уште на стартот екипата на Асови ја најавија победата кога имаа водство од 5:0 а истава разлика ја задржаа до полувреме, кога имаа резултат од 7:2. На стартот на вториот дел зголемија на 9:2 по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите. Последниот период од играта беа рутина за Асови кои забележаа триумф со резултат 11:4. Ане Јакимоска постигна 6 голови.

vardarfans-pobeda-na-asovi vardarfans-rk-asovi

vardarfans-rk-kisela-voda

Натпревар во групата В одиграа екипите на РК Будимир и РК Филип кои по првото коло доживеаа порази. Тука гледавме мал број на погодоци, по првото полувреме екипата на Будимир имаше водство од 3:2. На стартот на вториот дел екипата од Прилеп го израмни резултатот на 3:3. Сепак екипата на Андријана Будимир постигнува два последователни голови и зголемува на 5:3, што беше решавачко за победата. До крајот по еден гол на двете страни за конечен резултат од 6:4. Јана Равојска постигна 4 голови кај РК Будимир.

vardarfans-rk-budimir

РК Кастратовиќ 1 стигна до нова победа во групата А . Овој пат избраничките на Здравка Дамовска беа подобри од екипата на РК Ангели. По првото полувреме имаше мал број на погодоци. Ангели имаше водство од 1:2, но екипата на Кастратовиќ постигна три гола во серија и на полувреме се замина со нивно водство од 4:2. Серијата на РК Кастратовиќ продолжи и во вториот дел , кога постигнаа уштепетпоследователни голови и зголемија на 9:2, по што беше јасен победникот на натпреварот. До крајот на мечот уште повеќе се зголемуваше разликата, за на крај резултатот да гласи 16:5. Мила Лекиќ и Тамара Милошевска постигнаа по 5 голови. РК Кастратовиќ 1 стигна до втората победа, со која е блиску до полуфиналето.

Минимална победа во второто коло од групата Б забележа екипата на РК Војнисон, која беше подобра во дуелот со екипата на РК Вардар ДБ. Во првото полувреме се играше гол за гол, за на полувреме, екипата на Војнисон да има водство од 2:3. На стартот на вториот дел, Војнисон постигнува два последователни голови и зголемува на 2:5. До крајот на мечот го задржаа водството и славеа со резултат 5:6. Михаела Алексоска кај победничкиот тим постигна 2 голови. Ова беше втора победа за екипата на Војнисон со која си ги зголеми шансите за полуфиналето.

Во групата Б до втора победа стигна и РК Кале-Кичево која беше убедлива во дуелот со тимот на РК Вардар-Виница. Добро го отвори екипата од Кичево мечот каде имаше водство од 5:1. Како течеше првото полувреме се повеќе се зголемуваше предноста во корист на РК Кале. На секој погодок на Виница, тимот на РК Кале возвраќаѓе со серија од три гола, па на полувреме имаше предност од 14:5. На старто на вториот дел веќе имаа двоцифрена предност. Тимот од Кичево имаше целосна контрола на резултатот и не дозволи противникот да се доближи резултатски.  Конечниот резултат гласеше 21:13. Сара Стефановска постигна 6 голови кај победничкиот тим. Екипата на РК Кале со две победи во групата е со најголеми шанси да игра во полуфиналето.

vardarfans-rk-kale-2