Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Се одигра 2.коло од зимскиот турнир кај момците генер.2004/05

Се одигра 2.коло од зимскиот турнир кај момците генер.2004/05

Се одигра и второто коло во групата Г кај момчињата родени генерација 2004/05. Во него, се одиграа четири натпревари во спортската сала во ОУ „Круме Кепески”. Ви ги носиме сите резултати од овој натпреварувачки ден.

На првиот натпревар се сретнаа екипите на  РК Балтепе Вардар и РК Ангели Вардар. Овој натпревар донесе многу погодоци на двете страни. На крај екипата на РК Ангели Вардар победи со резултат 19:13 (11:6). Први со два погодоци отворија РК Ангели Вардар, потоа следуваше и прв гол за тимот на РК Балтепе Вардар за 2:1. На средина на првиот дел резултатот гласеше 8:4 за тимот на РК Ангели Вардар. Овој тим во првиот дел постигна 11 погодоци за на полувреме да се замине со резултат 11:6 за РК Ангели Вардар. Вториот дел започна со погодок на тимот на РК Ангели Вардар за 12:6. Потоа следуваа два погодоци во серија за тимот на РК Балтепе Вардар за намалување на водството на 12:8. Иако овој тим се доближи на минус четири, сепак, до крајот на мечот тимот на РК Ангели Вардар го контролираше дуелот и славеше победа извдојувана со резултат 19:13.

На вториот натпревар се сретнаа екипите на  РК Илинден Вардар и РК Будимир Вардар. Овој натпревар го доби екипата на РК Будимир Вардар со резултат 15:14 (6:8). Натпреварот започна со гол на РК Будудмир Вардар за 1:0. Одма потоа следуваше и погодок на другата страна за израмнување на 1:1. На средината на првиот дел резултатот беше 4:4. На полувреме се замина со предност од два гола разлика 8:6 за тимот на РК Илинден Вардар. Во вториот дел започна со погодок на РК Илинден Вардар. Се до средината на вториот дел се играше многу изедначено. Во последните пет минути РК Будимир Вардар направи голема серија од 6:0 за водство од 13:12. На крај, победа однесе тимот на РК Будимир Вардар со резултат 15:14.

 На третиот натпревар се сретнаа екипите на  РК Урдаревски Вардар и РК Вардар Виница Ова беше натпревар од групата В. На оваа средба победник немаше, овој натпревар заврши нерешено 8:8 (5:4). Прв со погодок отвори тимот на РК Вардар Виница со 1:0, одма потоа следуваше и гол на РК Урдаревски Вардар за 1:1. На средина на првиот дел резултатот гласеше 4:2. На полувреме се замина со резултат 5:4 за тимот на РК Урдаревски Вардар. Во вториот дел се одигра многу изедначено, односно се постигнаа многу малку погодоци. И на двете страни се одигра многу изедначено со одлични одбрани и на двете екипи. На крај, резултатот заврши без победник 8:8. Ова беше еден многу изедначен натпревар на две одлични екипи.

На последниот натпревар денеска се сретнаа екипите на РК Карпош Вардар и РК Општина Кисела Вода Вардар. Овој натпревар го доби тимот на РК Карпош Вардар со резултат 21:7 (13:4). Први со погодок натпреварот го отворија момците од  Куманово. Потоа следуваа уште два погодоци за веќе 3:0. На полувреме се замина со сигурна предност од 13:4 за тимот на РК Карпош Вардар од Куманово. Во вториот дел први со погодок отворија момците на РК Карпош Вардар за веќе 14:4. Во текот на целиот втор дел тимот на РК Карпош Вардар доминираше, за на крај да победи со резултат 21:7. Во победничкиот тим Давид Димевски и Јани Лазоф постигнаа по пет погодоци, кај поразениот тим Лука Ѓорѓиевски постигна два голови.

Кај момците кои играа во сала “Кале“ во истата генерација беа постигнати овие резултати:

 ГРК Гостивар Вардар – РК Вардар ДБ (група Б) 18:5

 РК Филип Вардар –РК Драчево Вардар(група Б) 8:5

 РК Бутел Вардар – РК Шампион Вардар (група А) 5:10

 РК Бисинов Вардар – РК Асови Вардар (група А) 19:4

Полуфиналистите кај момците ќе се знаат по одигрување на 3.коло, утре бидејќи директен пласман обезбедуваат само првопласираниот од групата.