Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Македонија поразена од Норвешка во 1/8 со што го заврши настапите на СП
Македонија поразена од Норвешка во 1/8 со што го заврши настапите на СП

Македонија поразена од Норвешка во 1/8 со што го заврши настапите на СП

Македонската ракометна репрезентација е поразена во осминафиналето од селекцијата на Норвешка. Ова значи крај на настапите за нашата репрезентација на СП.

Натпреварот започна со два гола на Норвешка и тоа преку Сагосен од седум метри. Првиот гол, Македонија го постигнува во петтата минута преку Филип Лазаров. Во следните седум минути, противникот има предност која се движи од 1-2 голови разлика, се до 13 минута кога Македонија успева за прв пат да го израмни резултатот на 5:5 и тоа со првиот гол на Талевски. Во продолжение од мечот, Норвешка успева да се одлепи на три голови разлика (8:5). Следи период кој и припаѓа на нашата репрезентација и со серија од 0:4 успеваме за прв пат да поведеме на мечот (8:9). Претходно со третиот гол на Стојанче Стоилов успеваме да го израмниме резултатот на 8:8. Мора да се напомене дека на голот го имавме одличниот Кирил Колев кој скроти неколку добри удари на противникот. Неколку наши промашени зицер удари ги казнува Норвешка која на полувреме заминува со два гола предност 12:10.

Лош старт на второто полувреме, каде Норвешка со серија од 4:1 стигнува до највисоки 16:11. Противникот во слеедните минути успева да стигне до највисоки седум голови разлика (22:15). Македонија немаше сили да се врати во мечот и во 52 минута имаше двоцифрена негатива од 28:18. На крајот конечниот резултат гласеше 34:24. Со овој пораз Македонија ги заврши настапите на СП во Франција. Најефикасен беше Лазаров со 6 голови, додека Стоилов постигна 4.