Вчера на програмата беше ново коло од кошаркарската прва лига на Македонија. Вардарци ова коло му гостуваа на тимот на АВ Охрид. За жал, и овој натпревар нашите кошаркари го загубија. Охрид беше подобар тим во текот на целите 40 минути и залужено победи. Резултатот од овој меч на крајот гласеше 73:64.
Првата четвртина беше клучна на овој натпревар. Уште на стартот нашите кошаркари одиграа многу слабо, првата четвртина нашите момци ја загубија со убедливи 29:13. Во втората, одигравме нешто подобро, но, и оваа ја загубивме со два поени разлика. Во вториот дел, Вардар одигра добро. Третата четвртина ја добивме со пет поени разлика, додека пак четвртата со четири. Ова не беше доволно да избегнеме уште еден пораз во лигата.
Во нашиот тим најефикасни поединци беа: Калов со 16 поени и седум скока, Дејан Србиновски уфрли 12, додека пак Митев стрелец беше на 10 поени. Милојко Василевиќ одигра одличен натпревар. Центарот на АВ Охрид постигна 22 поени, а запиша дури и 22 скока за 31 минутa минатa на теренот.