Според распоредот на македонската кошаркарска федерација, викендов на програмата е новото коло во кошаркарската прва женска лига. Во истото девојките на Вардар се домаќини на предпоследната екипа во женската лига тимот на Трокал.
Натпреварот се игра во сабота, на 24-ти декември во малата сала при спорско рекреативниот центар “Кале“ во Скопје. Девојките на Вардар по одиграните шест меча се во серија од пет дуели со максимален ефект што е доволно за втората позиција на табелата. Овој дуел е последен од есенскиот дел и по него следи пауза во македонската женска кошарка се до фебруари кога ќе почне женскиот кошаркарски куп на Македонија, а подоцна е предвиден стартот на лигата кај дамите во следната 2017 година. Со победа ние цврсто ќе се се позиционираме на втората позиција пред зимската пауза во првенството. Противникот има досега по 5 кола негативен кош биланс од минус 212 или прима 42 поена повеќе по меч од противникот. Тие на пет меча немаат ниту една победа што е прилика за нашите девојки да им нанесат нов пораз, а воедно да стигнеме до шест од шест пред паузата во лигата.