Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Петмина кошаркари на Вардар ќе играт за Македонската репрезенација М14 на турнирот„Заедно до М16“
Петмина кошаркари на Вардар ќе играт за Македонската репрезенација М14  на турнирот„Заедно до М16“

Петмина кошаркари на Вардар ќе играт за Македонската репрезенација М14 на турнирот„Заедно до М16“

Како што известија на нивната официјална веб-страница Македонската кошаркарска федерација од 13 до 15 јануари 2017 година ќе организира Меѓународен турнир. Истиот е дел од проектот на ФИБА, „Заедно до М16“ за репрезентацијата М14 но кој ќе учествуваат соодветните селекции на Македонија, Романија, Бугарија и Косово.

Турнирот ќе ќе се одржи во период 13-15.01.2017 во Скопје. Подготовките на македонската селекција до 14 години стартуваат на  09.01.2017 – понеделник  во 12:00 – сала Кале. Селекторот Александар Јованчев и неговиот асистент Мартин Атанасов на подготовките кои ќе се одржат во салата  Кале  од 16 повикани момчиња повикаа петмина членови на црвено-црните. Кошаркарскиот клуб Вардар како најдобра младинска екипа во земјава има највеќе покани во оваа селекција во однос на другите тимови.  Повикани за репрезентација за момци родени 2002 и помали се следниве играчи :

1. Лука Савичевиќ                     КК Вардар

2. Стефан Јовановски                 КК Вардар

3. Бранко Шуменковски              КК Вардар

4. Лука Радуловиќ                     КК Вардар

5. Драго Стојановиќ                    КК Вардар

6. Богдан Мирковски                  Италија

7. Филип Стефановски                Италија

8. Гоце Петрушевски                   Италија

9. Марко Миловановиќ               КК Водно Санс

10. Марко Величковски             КК Водно Санс

11. Давид Наумовски                 КК Водно Санс

12. Љубиша Димитровски          КК Феникс

13. Андреј Андоновски                КК Феникс

14. Никола Груевски                     КК Јуниор

15. Васил Јаневски                        КК Ангели

16. Славко Трајковски                  КК МЗТ Скопје

Распоред на натпревари:

13 јануари

Македонија – Косово   18,00

Бугарија – Романија      20,00

14 јануари

Романија – Македонија              18,00

Косово – Бугарија                         20,00

15 јануари

Косово – Романија                       14,00

Македонија – Бугарија                16,00