Денес во салата на Советот на Град Скопје денеска беа прогласени најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа за 2016 година. Традиционално Градот Скопје и Сојузот на спортски федерации на Македонија ги наградуваат најдобрите спортисти на Скопје за годината што изминува. Се избираат најуспешните 10 спортисти во сениорска категорија и пет во младинска.
Тренер на машката екипа на Вардар, Раул Гонзалез го доби признанието за најдобар тренер за 2016 година во Скопје, во изборот на град Скопје. Тој сезонава го предводеше нашиот тим до двојната круна во домашното првенство, до вице-шампионската титула во СЕХА лигата, и до Топ-8 во ЕХФ лигата на шампионите. Покрај него и капитенот Стојанче Стоилов доби признание за постигнатите резултати, и беше меѓу 10-те најдобри сениори за 2016 година. Тој се наоѓа на шесттата позиција на овој избор. Имаме две наградени и кај дамите Лејно и Ристовска, поопширно погледнете тука